12.9 C
Прилеп
среда, 16 април, 2025
Пела Радио

Општина Прилеп со 2 стручни комисии започнува проценка на штети од невремето

Советот на општина Прилеп, како што информира општинската прес служба, денеска одржа онлајн итна седница, со единствена точка на дневниот ред: Усвојување Решение за определување стручни комисии за проценка на штети во населените места Тополчани, Чепигово, Тројкрсти, Алинци, Канатларци, Ерековци и Клепач. На седницата на Комисијата било разговарано за последиците од невремето проследено со силен дожд, град и ветер, кое во понеделникот на 21 јуни ги зафати овие населени места во општина Прилеп, а кое нанесе големи штети на земјоделските култури. 

За таа цел, до Советот беше доставен предлог за формирање две тричлени комисии, кои без дискусија беа усвоени од страна на советниците. Првата комисија ја сочинуваат:Зоран Пачешкоски, претседател, Абдула Бајрамоски, член, Стеван Велјаноски, член. Втората комисија е во состав: Жани Петанчески, претседател, Дејан Ѓокоски, член, Александар Ѓорески, член на комисијата.

Задача на стручните комисии е да извршат непосреден увид и проценка на штетите. При проценката, стручните комисии ќе се раководат од основните принципи за штетите предвидени со Единствената методологија за проценка на штети од елементарни и други непогоди.

Проценката на штетите треба да биде извршена во рок од 30 дена од подигнувањето на барањата од архивата, или со преземање на барањата од веб страната на Општина Прилеп.

Би можело да ве интересира

Исплатени субвенциите за произведен и предаден тутун од реколтата 2022 година

Пела Редакција

Претрес во прилепско, пронајдена пушка и муниција, лишено од слобода едно лице

Пела Редакција

ПО ЕДЕН ВЕК ФРАНЦИЈА СЕ ПОКЛОНИ НА ДЕЛОТО НА МАКЕДОНСКИОТ ОНКОЛОГ Д-Р АНАСТАС КОЦАРЕВ

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе