14.4 C
Прилеп
понеделник, 16 септември, 2024
Пела Радио

Во општина Кривогаштани ќе се изведува дезинсекција против комарци

Врз основа на одлуката на ЕЛС- Кривогаштани за спроведување на превентивна систематска дезинсекција, Центарот за јавно здравје Прилеп информира дека на ден 07.07.2021 год. во периодот од 22 до 04 часот на територијата нa Општина Кривогаштани екипа од Центарот за јавно здравје- Прилеп ќе спроведува
адултицидната теристичка (од земја) дезинсекција со цел уништување на комарци.
Дезинсекцијата ќе се изведува со УЛВ-апаратура за ладно замаглување поставена на пикап возило со претходница на друго возило означено со ротационо светло. Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени следните населени места и локации:
Врбјани, Годивље, Крушеани, Обршани, Бела Црква, Пашино Рувци, Н.м-Боротино, Славеј, Кривогаштани, Депонија, Блато река, Пречистителна станица, Пилана, Резервоар, попатни канали и шамаци и места
со стоечки води.

Со цел избегнување на евентуални несакани последици се информираат пчеларите да превземат превентивни мерки за заштита на пчелните семејства. Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар,дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.
Доколку граѓаните не се придржуваат на горенаведените превентивни мерки ЦЈЗ- Прилеп се оградува од секаква одговорност од појава на несакани последици.

Би можело да ве интересира

Радио Пела е полн погодок во музичкиот свет (ВИДЕО + ФОТО)

Никола Димески

ВО ПРИЛЕП НЕМА ПРОБЛЕМ, А СЕ’ Е ПРОБЛЕМ (4)

Гордана Цветаноска

УХМР со метео предупредување за високи температури

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе