Утре , сабота /10.7.2021/, со почеток од 20, оо ч, во театарот „Војдан Чернодрински“ премиерно ќе биде прикажана преставата „Светулки“, по текст од Тена Штивичиќ, во режија на Драгана Милошевски – Попова .
Во драмта “Светулки “ станува збор за актуелните прашања кои се поврзани со индивидуалната потрага на животниот пат. Протагонистите се заглавени во еден аеродром, на пола пат до својата конечна дестинација и не можат да го продолжат својот пат поради неочекуваното невреме. Заглавени во таа транзит зона тие ги преиспитуваат своите животи, желби, своето минато, тоа за кое копнеат и тоа кое сакаат да го заборават. Во една навидум едноставна и минлива состојба тие прават силни одлуки кои ќе им го променат животот и целиот светоглед.
Инаку,автоор на оваа драма Тена Штивичиќ е една од најпоставуваните хрватски авторки кои со својот ненаметлив стил дава искрена слика за тоа како изгледа животот во 21 век преку призмата на различни секојдневни ликови претставени од неколку различни генерации и социјални профили. Нејзините ликови се луѓето кои ги среќаваме насекаде, со кои се разминуваме, со кои разменуваме мислења, со кои се дружиме, со кои го поминуваме нашето време… сите тие кои мунуваат низ различни аеродроми за да ја најдат својата конечна дестинација која ќе ги направи среќни.
Современиот пристап во сценското прикажување на режисерката Драгана М. Попова филигрански ќе го надополнува дејствието давајќи му суптилност и леснотија во играта. Претставата треба да ја оствари таа интимна врска со публиката преку откривањето на навидум едноставните, секојдневни животи во контраст со тежината која тие ја содржат и ја носат со себе.
Играат: ДАНИЕЛА ИВАНОСКА, КАТЕРИНА ЧАКМАКОСКА-КЛИНЧЕСКА, ИГОР ТРПЧЕСКИ, МАРЈАН ЧАКМАКОСКИ, МАРИЈА СПИРКОСКА-ИЛИЈЕСКА, ЗОРАН ИВАНОСКИ, АНГЕЛА НАУМОСКА, ЈАСМИНА МИЦОВСКА-СТАНКОСКА, НАТАША АЧАНСКИ, АЛЕКСАНДАР ТОДЕСКИ, ДИМИТАР ЃОРЃИЕВСКИ, ДИМИТАР ЦРЦОРОСКИ и ЕЛЕНА ИВАНОСКА