5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

Компаниите учат како да вработуваат лица со хендикеп

Во Прилеп се одржа третата по ред обука во рамките на Проектот „Центар за вработување на лица со хендикеп“ во организација на Стопанската комора на Македонија и „Полио Плус – движење против хендикеп“. Напредните обуки се реализираат со цел компаниите да бидат запознати со бенефитите кои им стојат на располагање во врска со вработување лица со хендикеп и создавање инклузивна работна сила.

Радио Пела: Што во суштина претставуваат овие напредни обуки за компаниите?

– Како прв чекор доволно е компаниите да се информираат за овие тренинг обуки, како оваа трета по ред која се одржува во Прилеп, а претходните беа одржани во Штип и во Велес, а последната ќе биде одржана во Скопје во Стопанската комора на Македонија. Има огромен интерес кај компаниите за обуките, за тоа кои се нивните придобивки, во врска со функционирањето на Посебниот фонд и вработување на лицата со хендикеп, вели Ивана Крстевска од СКМ.

Преку напредните обуки наменети за компаниите, но и преку програмата за практикантство/волонтерство, ќе им се овозможи на партнерските компании да добијат тренирање на работното место и контрола на работата на лицата со хендикеп. Дополнително, учесниците ќе се здобијат со продлабочено знаење за спроведувањето на соодветното приспособување на работното место. Во Република Македонија, бројот на вработени лица со хендикеп е многу мал во однос на целата вработена популација.

 Радио Пела: Што прави државата за лицата со хендикеп?

  • Државата нуди некои бенефиции кои се наменети за работодавачите што вработуваат лица со хендикеп, во рамките Законот за вработување се нудат парични средства, ослободување од придонеси и прилагодување на работното место, набавка на опрема и професеионална рехабилитација. Но, компаниите за ова не се доволно запознати со овие бенефиции, особено со средствата што се нудат за адаптација на работното место и за професионалната ориентација и средствата се многу малку искористени од Посебниот фонд. Во секој случај лицата со хендикеп тешко доаѓаат до работа и од самата стигматизација која што постои, од стереотипите, затоа мислам дека треба да се зголеми јавната свест и кај компаниите и кај лицата со хендикеп – за да се надмине стериотипот дека лицата со хендикеп треба да се вработуваат само од сожалување за да земаат некоја плата, вели Јулијана Климоска – Полио плус

Преку Проектот „Центар за вработување лица со хендикеп“ ќе се гради мост помеѓу лицата со хендикеп и компаниите, со цел да се извлечат придобивки и за двете страни. Проектот е дел од оперативната програма ИПА 2007 – 2013 за развој на човечки ресурси.

Би можело да ве интересира

Вработените во Еурокомпозит повторно на протест

Гордана Цветаноска

Во јули постигнат нов рекорд-за еден месец вложeни 21 милион евра во неживотно осигурување

Пела Редакција

ССКМ: Новите мерките за заштита се неспроведливи во пракса

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе