11.2 C
Прилеп
понеделник, 21 април, 2025
Пела Радио

Посебен режим на сообраќај за Илинден кон Крушево

Секторот за внатрешни работи Битола ги известува граѓаните дека на 1-ви и 2-ри август 2021 година (недела и понеделник), поради одржување на прослава по повод националниот празник Илинден во Крушево, ќе бидат преземени посебни мерки за безбедно и непречено одвивањена сообраќајот.

Од тие причини, СВР Битола ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, почнувајќи од 15.00 часот на 01. 08 2021 година, па сѐ до 22.00 часот на 02.08.2021 година на регионалниот пат Р-1306, делница: Прилеп – Кривогаштани – Крушево – Демир Хисар, како и на регионалниот пат Р-2337, делница: Крушево – место викано Слива, на уличната мрежа низ градот Крушево и на патеките кои водат кон Мечкин Камен.

Секторот за внатрешни работи Битола апелира да локалните жители да се воздржат од движење со работни и земјоделски машини по наведените патни правци во определениот временски период, а до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници и сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Би можело да ве интересира

Првиот ден од новата година и струјомерите почнаа да вртат по нови цени, а на сметките се воведе и нова давачка

Елизабета Филипоска

Кастратовиќ останува во РК Прилеп

Пела Редакција

Кој економски бенефит би донесла легализацијата на регреативната употреба на канабисот?!

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе