30.6 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Крушевските села се дезинфицираат

Во најголемиот дел од населените места во Oпштина Крушево, со поддршка на локалното население е извршена дезинфекција. Опфатени се селата Белушино со училиштето;. Борино, училиштето и џамијата; Саждево, џамијата и училиштето; Јакреново; Норово низ селото, во училиштето; Алданци низ селото и училиштето; Врбоец; Св.Митрани; Милошево; Пресил; Бучин;
Дополнително ќе се врши дезинфекција во населените места Врбоец и Бучин. Вработени од општина Крушево поделија заштитни маски и ракавици на сите продавници кои работат во градот за да помогнат во поголема заштита на оние кои се најмногу изложени на ризикот од вирусот.
Дезинфекцијата продолжува и денеска, известуваат од Општината. Претходно беа дезинфицирани институциите во градот Крушево како средното и основното училиште, детската градинка, општината и други.

Би можело да ве интересира

Стапија на сила рестриктивните мерки, нови во најава за влез во земјава

Во Прилеп нема новозаболени, еден случај во Општина Крушево

Ротари клубот- Прилеп донираше дрон за превентива од пожари на ТППЕ – Прилеп

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе