29.7 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

ДЕНЕШНИОТ ДЕН ПРИЛЕПЧАНИ ГО ЧЕКАА 5 ГОДИНИ – СЕ ОТВОРА СТАДИОНОТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ„ СО ПОБЕДА-ВАРДАР

Денеска во 18 часот најлутите македонски ривали, некогашни шампиони, а сегашни второлигаши – прилепска Победа и скопски Вардар, ќе го одиграат најзначајниот пријателски меч. Најзначаен е затоа што со него се отвора реновираниот Градски стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп. Ова прилепските фудбалски љубители го чекаа повеќе од 5 години, по второлигашкиот меч Победа – Велазерими 2:0, одигран на 14 мај 2016 година.

Вреди да се ужива во следење на фудбалот на градскиот стадион ,но и да се видат сегашните засилени состави на двете екипи, кои најавуваат атак кон првите второлигашки места, за враќање во Првата лига.

Од прилепскиот клуб објавија дека влезот е слободен, па се очекува сите места да се исполнат на покриената северна трибина.

Би можело да ве интересира

Се одржа 4тиот Голф-турнир „Витаминка опен“ во Запрешиќ, Хрватска

Пела Редакција

ИН МЕМОРИАМ прилепската ракометна легенда ВЛАТКО КОРУНОСКИ-ЛАРАТА

Натпреварот ЖРК Деспина – ЖРК Чаир, беше натпревар, Филипоска против Николовска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе