11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

ПРИЛЕП СИ ЈА ВРАТИ ФУДБАЛСКАТА АТМОСФЕРА

На реобновениот градски стадион “Гоце Делечв“ се врати фудбалката атмосфера. Прилепчани со гордост го гледаа пријателскиот натпревар Победа – Вардар (1:1) , кој преставува прв натпревар на стадионот и официјално отворање на стадионот во Прилеп по повеќе од петгодишно реновирање. Задоволството на вљубениците на фудбалот беше ограмно! Коментираа како некогаш, навиваа на цел глас, ставаа фудбалски забелешки на овој или оној играч, изеркоа по некоја пцовка до гостинските играчи или на судиите, но се беше „фудбласки„, па, епитетот најфудбалски град како да се поврати во грдот под Марковите кули. Сега, по враќањето на фудбалот на стадионот “Гоце Делчев„ фудбалската јавност, и оние кои многу ја сакаат Победа, и оние кои сакаат само да гледаат фудбал или само фудбалски да се дружат, имаат една желба, Победа да влезе во Прва лига и публиката да грми едногласно, за до Варош да се слуша кога се навива за Победа.

Резултатот на овој натпревар и не беше битен, вежно е што стадионот „Гоце Делчев„, си го врајќа својот сјај, а фудбалерите на Победа конечно заиграа на стадион кој ги задоволува сите стандарди за добар фудбал.

Би можело да ве интересира

Екипата на Младост 96 е нов македонски шампион во пинг-понг (фото)

Елизабета Филипоска

Интервју со Гоце Макалоски, Претседател на „Локален спортски сојуз – Прилеп“

Елизабета Филипоска

ПРИЛЕПЧАНЕЦ НЕ И ДОЗВОЛИ НА ПОБЕДА ДА ПОБЕДИ

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе