10.7 C
Прилеп
недела, 30 март, 2025
Пела Радио

Во Прилеп состојбата со пожарите се уште нестабилна

Општинскиот кризен штаб е во постојана комуникација со Центарот за управување со кризи, дирекцијата за заштита и спасување и со командирот на ТППЕ  кој управува со сите единици со армијата, со припадниците на македонски шуми и јавните комунални претпријатија, посочи градоначалникот Илија Јованоски

Во овој момент можам да кажам дека пожарот што беше на потег Топлица е локализиран за среќа и регионалниот пат Прилеп- Гратско е прооден повремено се појавува пожар околу селата Топлица и Ракле,но теренскиве екипи го гаснат. Како проблем го гледам пожарот кај Смолани кај што гори нискостеблеста шума и многу блиску е до боровата шума која во секој момент се очекува во зависнот од силината на ветрот да го зафати и тој дел. Токму затоа побаравме воздушна поддршка,  јас разговарав со директорот на Центарот за управување со кризи  и ми беше кажано дека во овој момент не се во можност да обезбедат воздушна поддршка зошто градовите Делчево и Пехчево каде е огнената стихија голема,  има поголема потреба од воздушна поддршка“, изјави градоначалникот Илија Јованоски.

Тој исто така нагласи дека во моментот се приклучуваат и луѓе кои ќе можат да гаснат пожар со грбни пумпи (напртњачи), а исто така барањето упатено до Центарот за управување со кризи останува отворено. Градоначалникот Јованоски е во постојан контакт со сите одговорни и вкучени единици во екот на справување со пожарите.

Би можело да ве интересира

Комуналец Прилеп: Исчистивме над 20 диви депонии, акциите продолжуваат

Гордана Цветаноска

Потребни се средства за малиот борец Лука да продолжи да се радува на животот

Елизабета Филипоска

ПРИЛЕПСКИОТ ШИРДЕН ГИ ВООДУШЕВИ ТОРИНО И СВЕТОТ

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе