14.9 C
Прилеп
понеделник, 21 април, 2025
Пела Радио

Кирија, санација и изградба на нови домови ќе обезбедува Општината за семејствата чии домови изгореа на Варош

Четирите семејства со вкупно 14 членови чии бараки пред десетина дена целосно изгореа во пожар, привремено се сместени во изнајмени станови, за кои киријата ќе ја плаќа Општина Прилеп. „Откако целосно ќе бидат санирани последиците од пожарот, со помош на неколку градежни фирми и други компании од нашиот град, на семејствата Општина Прилеп ќе им изгради покрив над главата“, најави денеска градоначалникот Илија Јованоски, кој што беше на увид на состојбата.

Планот е до крајот на градежната сезона семејствата да се вселат во новоизградените домови, со  ангажман на општината и со помош на општествено одговорни компании од Прилеп.

Пожарот во населбата Варош се случи на 5 ти август.  Социјалните бараки беа стари повеќе од 20 години. 

Би можело да ве интересира

ЗАВРШЕН НАСТАН НА ПРОЕКТОТ „ГРАДЕЊЕ КАПАЦИТЕТИ ЗА ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ НА ЧОВЕЧКИОТ КАПИТАЛ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“

Пела Редакција

Три медали од државното првенство во бокс за боксерите на БК АС Прилеп (ФОТО)

Никола Димески

АНКЕТА ЗА РАДИО ПЕЛА – ВАШЕТО МИСЛЕЊЕ НИ Е НАЈВАЖНО!

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе