9.9 C
Прилеп
недела, 20 април, 2025
Пела Радио

Пожар во Марино Маало, гореше куќа, предизвикана е голема материјална штета ( Видео)

Претпладнево, во населбата Марино Маало во Прилеп избувна пожар во семејна куќа. Пожарот се случи околу 10 часот, при што брзо интервенираа неколку екипи со противпожарни возила од ТППЕ Прилеп, а во гаснењето помогнале и граѓани кои биле во непосредна близина. Според очевидците огнот започнал од кровот и многу брзо се проширил на вториот кат од семејната куќа. Благодарение на брзата интервенција на пожарникарите огнот не се проширил на соседните куќи. Во пожарот нема жртви, а предизвикана е огромна материјална штета за 5 членото семејство чиј покрив над главата е уништен.

Би можело да ве интересира

Се укинува забранат-од денеска македонското коскесто овошје ќе патува на рускиот пазар

Елизабета Филипоска

Прилеп подготвен за „Прочка 2020“

Гордана Цветаноска

Во карантин половина Македонија, забрана за одење на гробишта за Задушница

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе