11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Спектакуларно бегство од прилепскиот затвор

Спектакуларно бегство од прилепскиот затвор вчера извршил 36 годишен затвореник од Гостивар осуден на 20 години строг затвор поради извршени тешки кражби. Бегството не е забележано ниту од безбедносните камери ниту од затворската полиција.

Според првичните информации во текот на вчерашниот ден околу пладне затвореникот имал посета од неговата мајка и неговата сопруга. Во текот на посетата без никој да го забележи избегал од затворот, а во посебните простории за средби со најблиските останале само двете жени. Oткако завршило времето за посета затворските полицајци забележале дека осуденикот го нема. Аламирана е затворската управа и полицијата. Започната е потрага по затвореникот која на полноќ е прекината ,а денеска продолжува. Неговата сопруга и неговата мајка веднаш се приведени во полициската станица во Прилеп на информативен разговор.

Според неофицијалните информации вакво бегството не е можно без надворешна а можеби и внатрешна подршка.Тоа ќе треба да го потврди истрагата.

Најавени се и дисциплински мерки против дежурните затворски полицајци кои биле задолжени безбедно да ја реализираат посетата и да го вратат затвореникот во затворениот дел од затворот.- пишува Канал 5

Би можело да ве интересира

За 5 месеци украдени над 50 сообраќајни знаци во прилепско

Во сообраќајната незгода во населбата Точила две лица се здобиле со тешки телесни повреди

Краделе во каменолом, уапсени двајца прилепчани

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе