3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Од 1-ви декември најлонските кеси ќе чинат 15 денари

Собранието на РСМ ги усвои: Законот за управување со отпадот, Законот за управување со пакување и отпад од пакување, Законот за управување со дополнителни текови на отпад и Законот за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад. Гласањето за овие четири закони следи откако во август годинава од пратениците беа донесени Законот за управување со батерии, акумулатори и отпадни батерии и акумулатори и Законот за електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема.

Меѓу бројните промени, од 1 декември 2021 годинава, пластичните ќеси кои граѓаните ги купуваат по продавници ќе чинат 15 денари по парче, со цел да се дестимулира купувањето на пластични кеси што ја загадуваат околината. За средствата од продадените пластични ќеси трговците ќе мора да водат евиденција по квартали, а надоместоците ќе треба да ги уплаќаат на посебна сметка на органот за животна средина.

Исто така, од 1 декември 2021 година ќе се забрани за користење пластичното пакување за еднократна употреба во угостителските објекти што се наоѓаат во заштитените подрачја во земјава.

Целокупната законска материја за управување со отпад е обемна, а Европската комисија уште во минатогодишниот Извештај за напредокот на земјата кон ЕУ упати критика дека законите за управување со отпад не се донесени. И покрај тоа што овие закони владата ги усвои на крајот од минатата година, тенкото собраниско мнозинство на власта и блокадата на Собранието го одолговлечи нивното донесување.

Инаку, група еколошки активисти мината година формираа Иницијатива за забрана на пластични кеси, со цел да извршат притисок врз надлежните без одлагање да донесат законска одредба за забрана на пластичните кеси за пазарење и да воведат нови, вистински биоразградливи, според европските стандарди, а истовремено, кај потрошувачите да се поттикне создавањето навика за користење на платнени торби за повеќекратна употреба.

Би можело да ве интересира

Ќе се врши прскање против комарци

Елизабета Филипоска

И, Прилеп ќе добие апарат за магнетна резонанца најави министерот Филипче

Елизабета Филипоска

Транспарентно Крушево- седниците на Советот се пренесуваат во живо

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе