5.1 C
Прилеп
четврток, 12 декември, 2024
Пела Радио

Во заедничка акција Македонците во Мелбурн се справуваат со говорот на омраза

 

Билборд со говор на омраза се појави во Мелбурн и ги крена на нозе Македонците кои експресно реагираа за негово отстранување. Имено, во редицата провокации кои деновиве се актуелни кон македонската заедница во Австралија поврзани со актуелните преговори за името на Република Македонија со јужниот сосед, се појави транспарент со наслов „ Македонија е грчка“ со слика од сонцето на Виргина на сина подлога за најава на протест кој ќе го одржува грчката заедница во овој град, со кој се поддржува говорот на омраза кон Македонците. Билбордот беше поставен во една од најпознатите населби во Мелбурн – Ричмонд, на улицата Сван, една од најфреквентните во градот, над одреден хотел. Со овој недоличен и билборд со незрела содржина се прави дискриминација на етничките Македонци, што воедно претставуваше јавна провокација кон македонската заедница во Мелбурн, беа коментарите на социјалните мрежи.
По бројните пријави од страна на Македонци кои живеат во Мелбурн до општината Ричмонд и фирмата која управува со билбордите во населбата, недоличниот транспарент беше симнат од хотелот.
Провокациите кон Македонците во Мелбурн од страна на грчката заедница се чести, особено периодов за време на актуелните преговори за промена на уставното име на Република Македонија.
Неодамна на протестите во организација на грчката заедница во Мелбурн дојде до физичка пресметка со Македонци, при што реагираше и полицијата.

Би можело да ве интересира

Тутунарски протести , четврток, 17 ти декември од 10 до 16 часот во пелагониско

Гордана Цветаноска

Шопинг задоволство, бонус забава – „Prilep Outlet Weekend“

Гордана Цветаноска

Прилеп бележи пораст на новозаболени од корона

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе