16.1 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Вработените од прилепските градинки донираа за болницата и во спомен на нивната колешка Бисера

Прилепската Општа болница „Борка Талески“ речиси секојдневно добива донации од бизнис секторот, од граѓаните, од занаетчиите, од сите добронамерници, секој кој колку што може да помогне во полесно надминување во борбата со Ковид епидемијата. Денеска, помош во медицинско – хигиенски средства и прочистувачи на воздух донираа вработените од ЈОУДГ „Наша иднина“ Прилеп, кои оддвојуваа кој, колку што може од нивните лични примања. Помошта е, велат тие, од срце, за побрзо да се преброди оваа криза.

– Тука сме за да помогнеме во борбата против Ковид 19 вирусот кој што завладеа не само во нашата земја, туку и во целиот свет, бидејќи сакаме да помогнеме. Од страна на вработените донираме 2 прочистувачи, маски, нараквици, хигиенски средства, се’ што имаме во вредност некаде околу 12 илјади денари. Можеби вака изгледа малку, но тоа е од срце дадено за да можат вработените во Медицинскиот центар полесно да ги обавуваат своите работни задачи и дека тие што се лекуваат побрзо да излезат и да се вратат дома здрави и живи, вели Орце Тодоровски, директор на ЈОУДГ „Наша иднина“ Прилеп.

Вработените велат дека оваа донација е во чест на нивната колешка Бисера Димеска.

– Нашата колешка Бисера ја изгуби битката со корона вирусот, таа ни замина за 7 дена и воедно сакаме во нејзина чест, бидејќи ќе остане вечно во нашите сеќавања и да не се повтори.

Донацијата ќе биде употребена онаму каде што е најнеопходна – во Инфективното и во Хируршкото одделение.

Ситуацијата во прилепските градинки „Наша иднина“ се нормализира, вели директорот Тодоровски: „ во моментов се 5 позитивни, 6 во изолација, 2 воспитни групи, 50 деца во изолација, но најважно е што немаме дете кое што е позитивно на вирусот“. Работата се одвива во континуитет со почитување на протоколите за работа. Околу 400 деца ги посетуваат градинките во Прилеп, додека според максимумот за време на оваа здравствена криза, предвидено е 600 деца да може, на дневна основа, да бидат згрижени во прилепските градинки.    

Би можело да ве интересира

Од полициската хроника – физички напади, агресивно однесување, кражба

Секоја капка крв е важна!

Прилеп одбележа 122 години од смртта на Гоце Делчев и 113 години од смртта на Пере Тошев

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе