26.5 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

ЗА РК ПРИЛЕП ПРЕСУДЕН БЕШЕ ФИНИШОТ ОД ПРВИОТ ДЕЛ

Во натпревар од 5. коло на машката Супер лига, РК Прилеп со 24:30 загуби од РК Еурофарм Пелистер 2. Битолчаните ја имаа иницијативата од почетокот на мечот, но младиот прилепски состав, најмлад во лигата, бргу успеа да воспостави рамнотежа. Така беше се до финишот од првото полувреме. Тој период, се чини, е одлучувачкиот. Гостите направија разлика од 6 гола, која натаму беше недостижна. На одмор се замина со 10:16, а и во продолжението соодносот беше, речиси, неизменет. На крајот конечни 24:30 за Еурофарм Пелистер 2.

Во следното, 6. коло, РК Прилеп му гостува на РК Тиквеш во Кавадарци.

Би можело да ве интересира

Вечерва РК Прилеп пред своја публика со Еурофарм Пелистер

Пела Редакција

Прилепските ракометари ја продолжуваат битката за опстанок

(ФОТО) Џудистот Јован Најдоски е најуспешен натпреварувач во 2018 година

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе