11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Јовчески посочи дека има конкретни мерки за намалување на сумата на сметките за вода и канализација

Денеска, кандидатот за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ , Борче Јовчески го презентираш  проектт ,како што рече тој ,„најважен за граѓани на Прилеп„…

„Проект еднакво важен како за домаќинствата во Прилеп, така и за фирмите во нашата општина.
Проект кој го нарековме: РЕАЛНО ОСТВАРЛИВО! Во 2017-та година СДС ветуваа дека ќе добиваме за 20% пониски сметки за вода од тие доттогаш.  Лага, како и се друго! Наместо пониски сметки за вода, се случи спротивното!
Сметките за вода и канализација на граѓаните на Прилеп се зголемија за околу 60%, што е удар по џебот на секое семејство.  После 17-ти Октомври, новата локална власт предводена од мене како градоначалник,
заедно со Советот на општината, ќе пристапиме кон конкретни мерки за намалување на сумата на сметките за вода и канализација, затоа што веќе имаме план како да го направиме тоа. Или, веќе имаме готов проект и после направени пресметки од стручни лица кои ни помогнаа во разработувањето на овој наш план, истиот ветуваме дека ќе го реализираме.
Имено, ова ќе го реализираме со првиот буџет кој ќе го спремаме јас, мојот тим и тимот на стручни лица – државни службеници во Локалната самоуправа. Обврска на општината е да се грижи и да ги потпомага јавните претпријатија на кои таа е оснивач. Со точно определена сума ќе ја субвенционираме работата на прочистителната станица за отпадни води. За ова ,одлука за субвенционирање ќе донесе Советот на општина Прилеп, која одлука ќе биде дел од бизнис планот за работа на ЈКП ВиК.
Со намалени расходи за одржување на пречистителната станица и што е најбитно со значително намалени неоправдани сегашни трошоци ние доделените субвенции кои ќе ги внесеме во бизнис планот, и кој истиот ќе го доставиме до регулаторна комисија ќе предложиме намалување на цената на с-те за водата и канализација, за што за нашето побарување неизбежно е да ни даде позитивно мислење. Знаеме како и умееме тоа да го направиме! Во наредните 4 години нашата работа ќе биде само и само во интерес на сите граѓани на Прилеп! Со конкретни проекти и работа, почитувани мои сограѓани, после 17-ти Октомври ќе извојуваме заедно бројни победи во интерес на сите!„- рече Јовчески

https://www.facebook.com/borchejovcheski/videos/352435049997657

 

 

 

 

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиоски: Изградбата на Младински културен центар е високо на приоритетната листа на СДСМ

Гордана Цветаноска

ОК ВМРО ДПМНЕ Прилеп: Сугарески ништо значајно не придонесе за Прилеп

Гордана Цветаноска

Ристески:Дали знаењето и вештините на Сугарески можеби ќе донесат нов прифатен центар за бегалци во Прилеп?

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе