-1.6 C
Прилеп
недела, 23 февруари, 2025
Пела Радио

СН ОСИГУРИТЕЛЕН БРОКЕР АД БИТОЛА ИСКЛУЧИ 40 СВЕТЛЕЧКИ РЕКЛАМИ И СЕ ВКЛУЧИ ВО ЗАШТЕДАТА НА ЕЛ.ЕНЕРГИЈА

СН Осигурителен Брокер АД Битола се приклучува на иницијативата за заштеда на електрична енергија поради енергетската криза.
На овој начин,  како општествено одговорна компанија,  СН Осигурителен Брокер АД Битола од синоќа ги исклучи светлечките реклами во 40 експозитури низ државата.
Светлечките реклами во седиштето и подружниците на СН Осигурителен Брокер на 40 локации низ државата ќе останат исклучени во период од 30 дена, односно за време на прогласената кризна состојба во енергетскиот сектор.
Со овој гест, СН Осигурителен Брокер АД Битола настојува да ја поттикне и јавната свест за потребата од одговорно и рационално користење на електричната енергија, со што се дава придонес и во заштитата на животната средина

Би можело да ве интересира

Компанијата “Комфи Ангел“ ја посети првиот човек на УЈП

Елизабета Филипоска

Заменик министерот Марјан Ристески во прва работна посета на Прилеп

Пела Редакција

Анализа: Младите би се вратиле доколку имаат подобри услови за живот, а не е клучна висината на платите

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе