-3.2 C
Прилеп
сабота, 22 февруари, 2025
Пела Радио

БИТОЛЧАНИ СО 41 ГОЛ ЈА ОТВОРИЈА УНИВЕРЗАЛНA

Убавиот амбиент од околу 700 гледачи, во повторно отворената Универзална сала, ги инспирираше ракометарите на Еурофарм Пелистер за убедлив триумф од 41:24 врз домашниот Прилеп.

И вака високата победа на лидерот на суперлигашката табела е очекувана, додека за прилепскиот тим добивка е самото искуство кое многу значи за младите домашни ракометари.

На полувреме беше 22:12 за гостите. Публиката, која дојде во максимално дозволениот број, ги поздрави убавите потези на двете екипи. Беше доживување по долги години да се биде во објектот во кој се имаат случено значајни спортски и ракометни настани.

Во следното коло Прилеп пак игра дома, со скопски Бутел.

Би можело да ве интересира

Талески : Секој фудбалер сонува да настапува на една голема завршница (ВИДЕО + ФОТО )

Никола Димески

НАЈДОБРИТЕ МАКЕДОНСКИ СТРЕЛЦИ СЕ СОБИРААТ ВО ПРИЛЕП

Гордана Цветаноска

ПРИЛЕПСКА ДЕСПИНА Е СЕДМА

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе