20.4 C
Прилеп
вторник, 15 октомври, 2024
Пела Радио

Во Прилеп 27 ковид новорегистрирани

Министерството за здравство информира дека изминатите 24 часа направени се 2.938 тестирања, а регистрирани се 444 нови случаи на КОВИД-19. Најмногу новорегистрирани се во Скопје – 190, Битола – 43 и во Прилеп – 27, додека помалку се во останатите градови. Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 11 починати лица: 3 починати лица од Скопје и по едно починато лице од Битола, Велес, Кавадарци, Крушево, Прилеп, Пробиштип, Радовиш  и Штип. Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.

Од направените  2.938 тестови ПЗУ (рапид тест) вкупно се 1.352, додека во Центарот за јавно здравје Прилеп се 28. Во моментов активни случаи во Прилеп се 430, а досега од почетокот на пандемијата регистрирани се вкупно 9967 случаи.

 

Би можело да ве интересира

Во чест на светски познатиот научник д-р Анастас Коцарев, одбележување во Париз

Гордана Цветаноска

Ваучери за инвертер клими, како да се аплицира?

Пела Редакција

Локалното новинарство во Прилеп „на колена“

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе