Започнаа пробите за новиот проект „Декамерон“ во режија на Мартин Кочовски во театарот „Војдан Чернодрински“ , кој што е трет проект на театарот годинава поддржан од Министерството за култура. По својата структура и теми претставата ќе биде особено актуелна од денешен контекст: за време на голема чума група млади луѓе се засолнуваат во една куќа и секој ден се определува кој од нив ќе кажува како да го поминат времето. Претставата образботува различни теми и ќе е длабоко хуманистичка, а ќе пренесува големи пораки кои величаат се што е човечко.
Во преставата ќе игра поголемиот дел од ансамблот на театарот, а традиционални соработници на режисерот Мартин Кочовски се сценографите Јулијана Војкова Најман (и костимографија) и Филип Јовановски, и Пеце Трајковски (музика).
Декамерон е збирка од 100 новели напишана од италијанскиот писател Џовани Бокачо. Тоа е средновековно алегорично дело најпознато по „љубовните приказни“.
Инаку, театарот „Војдан Чернодрински“ со претставата „Глембаеви“, во режија на Бранко Брезовец, на први декември ќе гостува на фестивалот Млад отворен театар (МОТ) во Скопје.