16.1 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

„Прилеп Фолк Фест“ – деветто издание, вечер на современи македонски песни

Деветтото издание на фестивалот на авторска народна музика „Прилеп Фолк Фест“  ќе се одржи вечерва, на 1 ноември во домот на културата „Марко Цепенков“ во 19:30 часот. Фестивалот оваа година е во организација на „Здружението за музичка продукција и организација на настани Мјузик Фест – Прилеп“, а под покровителство на општина Прилеп.

Советот на фестивалот  нуди прекрасни македонски современи песни, изведени од најреномираните македонски и странски пејачи, а напишани од врвни македонски автори.

„Прилеп Фест“ останува еден од симболите на Прилеп. За да оваа вечер биде посебна, ќе настапат: Наум Петрески, Зуица Лазова, Анета Љумаковска, Спасен Сиљаноски, Елена Велевска, Чеде Спасиќ, Стојне Николова, Андријана Ацевска, Ташко Каранфиловски, Бојан Палиќ, Сања Цинцева, Лилија Семкова, Суад Усеин Цуле, Мики Тра Ла Ла, Вукица Челебиева, Жаклина Маркоски и Група Фортуна.

 

Би можело да ве интересира

Секоја чест! Жителите на с. Гостиражни помогаа во гаснењето на шумскиот пожар

Пела Редакција

Отворена изложбата  “Под нулата”

ОТКРИЕН СПОМЕНИК НА ТОШЕ ВО НОВА ГРАДИШКА

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе