30.6 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Видно оштетена, се реконструира ул. „Питу Гули„ во Крушево

Во тек е реконструкција на дел од улица Питу Гули која ќе се заокружи со изградба на паркинг. Пред поставувањето на асвалтот ЈП „Комуна“ работи на промена на водоводна цевка и реконструкција на приклучоци за вода на домаќинства.

Реконструкцијата се имплементира во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта финансиран од Светска Банка и имплементиран од Министерство за транспорт и врски со општина Крушево.

Овој пат беше видно оштетен и беше еден од приоритетите на општина Крушево откако се реконструираа делови од улиците Нико Доага и Партизанска.

Би можело да ве интересира

Прекин во водоснабдувањето денеска во Крушево

Пела Редакција

За развој на туризмот потпишан договор вреден 744 илјади евра

Пуштено во употреба целосно реновираното подрачното училиште при ОУ „Никола Карев“ во с. Борино, крушевско

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе