Македонската репрезентација немаше среќа во жрепката за плеј-офот за пласман на Светското првенство во Катар во 2022 година. Прв противник е актуелниот европски првак Италија на гостински терен.
Европскиот првак Италија ќе биде првата пречка за репрезентацијата на Северна Македонија на патот кон Светското првенство во Катар следната година.
Македонската репрезентација беше извлечена во Групата Ц од плеј-офот, а доколку ја мине Италија, во финалето ќе ја очекува победникот од дуелот меѓу Португалија и Турција. И првиот меч, и евентуалното финале, македонските репрезентативци ќе треба да го играат на гостински терен.
Првиот меч, нагости против Италија, македонските репрезентативци ќе го играат на 24 март, а евентуалното финале ќе се игра на 29 март.
Во Групата А, Шкотска ќе биде домаќин на Украина, додека Велс ќе ја пречека Австрија.
Во Групата Б, Русија се соочува со Полска, а Шведска ја пречекува Чешка.
Светското првенство во Катар ќе се одржи од 21 ноември до 18 декември следната година.