-2.6 C
Прилеп
среда, 15 јануари, 2025
Пела Радио

ПО ДЕБАКЛОТ ВО КАМЕНИЦА, ПОБЕДА ПАК Е ВТОРА

Кога речиси никој не очекуваше, Победа доживеа дебакл – поразена е со 3:0 од Саса во Каменица, во 12. коло од Втората лига – Исток. Откако во 42. минута Никола Божинов постигна водство за домашните, до крајот на мечот се беше во нивна полза. Во 65. минута на 2:0 зголеми Никола Нешовски, а конечните 3:0 ги постави Дарко Алексовски во 81. минута. Домашните повеќе се бореа и повеќе прикажаа, а прилепскиот тим имаше лош ден. Сепак, веќе во следното коло можно е враќање на врвот, со евентуална победа дома над лидерот Слога.

РЕЗУЛТАТИ: Саса – Победа 3:0, Братство – Осогово 2:4, Слога – Локомотива 3:0, Кожуф – Детонит 1:1, Кит-Го – Беласица 0:1.

ТАБЕЛА: Слога 28, Победа 26, Саса 24, Беласица 23, Осогово 17, Кит-Го 16, Детонит 14, Кожуф 13, Локомотива 5, Братство 4.

ИДНО 13. КОЛО (4.12.2021 – 13 ч.) Победа – Слога, Кит-Го – Братство, Беласица – Кожуф, Детонит – Саса, Локомотива – Осогово.

Би можело да ве интересира

Олимписките игри под знак ???

Гордана Цветаноска

РАДИО ШТО СЕ ГЛЕДА : Јованоска : Стрелците треба и физички и психички да се подготвени за големите меѓународни натпревари (ВИДЕО + ФОТО)

Никола Димески

Суперлигашкиот опстанокот за РК Прилеп очигледно обезбеден

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе