5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

(Фото и Видео) Традицијата продолжува – „Преродба„ во подготовка на светиниколската трпеза

Традицијата продолжува. По една година пауза поради пандемијата ,Здружението на жени кои ја негуваат традцијата „Преродба„ започна со подготовката на светиниколската трпеза. На неа се најде посна пита со праз, посен зелник со кромид, овошје, риба, посни колачиња , но спецификата на овој празник  е во посните сармички, препознатливи  светиниколски сарми, во голмина на лешник кои умеат , се чни, да ги прават само прилепските домаќинки.

Светиниколски сарми во големина на лешник- прилепски специјалитет

 

Посна светиниколска трпеза (овошје, пити, сарми, посни ситни колачиња, риба, крофни, салати …)

 

Целиот прилог можете да го погледнет ТУКА :


Виткање на светиниколски сарми 2021

 

„Зелката треба да бидие сторена и потоа се сечат мали ливчиња . Откако ќе се насечат мали ливчиња се цедат, се прави оризот во кој се става сол, бибер, масло и црвен пипер. Со по неколку зрна ориз се витка сармичето со големина на лешник“, раскажува  Менче Милошеска, членка на здружение „Преродба“.


Само сега со ова болеста запрено е заедничкото виткање на сармите, но ете ние сакавме малку да се собериме, традицијата да ја продолжиме, да си свиткаме сармичиња, да се посмееме и да се дружиме. Свети Никола е  голем празник за нас и за цел град, особено за верниците“, додаде Летка Беќароска, членка на здружението „Преродба“-Прилеп


Лилјана Ѓорѓиоска, претседател на здружение „Преродба“вели дека во оваа традција на виткање на светиниколските сарми се вклучени од 2006 година, а  во 2008  година со оваа традиција е освоен гинис во број на виткани светиниколски мали сармички во вти на лешник.Две години здружението паузураше во традиционалнот учество на виткање сарми за патрониот празник на Прилеп „но оваа година, во скромни услови поради здравствената состојба посната трпеза се подготува со помалку број на жени членки од здружението,но сепак,традицијата продолжува „- вели таа

„Негувајќи ја традицијата сите овие години со ред не сакавме да изостане еден ваков голем ден кој во Прилеп го слават 60/70 проценти од фамилиите. Сакаме да пренесеме на помладите генерации дека треба да се чуваме, но традициијата не треба да ја заборавиме“, изјави Лилјана Ѓорѓиоска, претседател на здружението „Преродба“.

 

И, новинарите на гости кај „Преродба“

 

Во посета на „Преродба„ градоначалникот и замник градоначалникот

 

Инаку, одбележувањето на празникот Св. Никола ќе започне во недела, во  08.00 часот со свечена литургија во Црквата Св. Благовештение, а во 12.00 часот пред Параклисот на Св. Никола во центарот на градот ќе следи водоосветување и прережување на празничниот колач.  Во 12.30 часот е предвиден благослов на градската трпеза на плоштадот „Александрија“ пред камената бина,  каде се поканети сите граѓани, кои треба да ги почитуваат  мерките за заштита од Ковид-19. Годинаше домаќин на патонот  на градот „Св. Никола„ домаќин e минатогодишниот домаќин, бизнисменот Тони Тарунџиоски, со оглед на тоа што минатата година поради пандмијата патронот не се прослави на плоштадот.

Би можело да ве интересира

По зајдисонце за муслиманите започнува светиот месец Рамазан

Пела Редакција

(АУДИО ) Симболите на Водокрст и големиот празник Богојавление – Водици

Гордана Цветаноска

Денеска муслиманските верници го прославуваат големиот празник Курбан Бајрам

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе