25.4 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Во маркетите кошници за собирање храна од хуманитарна акција на студентите и Здруженито Епилепсија Македонија

И, студените во хуманитарна акција за празниците. Студентско Собрание на Економски факултет – Прилеп во соработка со Здружението Епилепсија Македонија организира хуманитарна акција за собирање на храна и средства за лична хигиена кои како пакети ќе бидат распределни на социјални семејства за време на празниците. „Затоа е важно да се соберат што е можно повеќе продукти„ – вели Христина Нунеска, Заменик претседател на ФСС-Економски факултет – Прилеп.

Веќе во неколку маркети : БОНИТА НИНЕ, ЏИМИ МАРКЕТ, ШОПЕ МАРКЕТИ, СИМАРА ТРЕЈД, ПАТА МАРКЕТ, ФУТУРА, СТИБЕРА, ТОБАКО ДИСКОНТ, МОЕ ПАЗАРЧЕ, ГОНИТО МАРКЕТИ, КОШНИЦА, МЕШЕ МАРКЕТ, ПАНО МЕГА МАРКЕТ ФОРУМ МАРКЕТИ, АНГРОМАРКЕТИ-БИТОЛА и Гонито маркети во Кривогаштани , од 15 до 22 декември, се поставение, означени корпи за оваа акција, во кои граѓаните, пазарејќи, можат да стават производи во  кошниците, со што ќе придонесат да се збогатат хуманитарните пакетите кои ќе бидат поделени на сиромашни семејства.

Почитувани сограѓани, пред нас се Новогодишните празници и секој од нас заслужува да ги дочека со своите најблиски, во топол амбиент и скромна трпеза со храна.Бидете и Вие дел за Секој дом да е ВЕСЕЛ„- пишува на фејсбук страната на Студентско Собрание на Економски факултет – Прилеп .

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО)Според склучените договори тутунската реколта 2026/27 ќе биде рекордна

Планиран прекин на струја во повеќе прилепски села

Пела Редакција

Извинете само да прашам? – се почесто на репертоарот на човечката мутавост

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе