9.1 C
Прилеп
петок, 18 април, 2025
Пела Радио

Богојавление – Водици годинава симболично ќе биде одбележан

Преспанско-пелагониската епархија и свештените лица од Прилеп одлучија дека поради пандемијата со Ковид 19, треба да изостане масовното одбележување на големиот православен празник Богојавление – Водици. „Оваа година празникот Богојавление-Водици, ќе се одбележи скромно и симболично во дворот на црквата „Свето Благовештение (Стара Црква) во Прилеп,“ посочуваат од Преспанско-пелагониската епархија, и додаваат дека:

„Во среда на 19.01.2022 во 09:30 во црковниот двор на светото фрлање на крстот ќе учествуваат неколку дечиња и со тоа ќе се задржи симболиката на овај голем празник, но воедно и ќе се запазат рестриктивните мерки и препораки да нема голема масовност. Во духот на православната христијанска вера и традиција, остануваме со позитивна мисла и верба во Бога, исто така упатуваме апел до сите наши сограѓани да се чуваат и да бидат одговорни и совесни за нивното здравје.“

Градоначалникот Борче Јовчески ќе присуствува на светиот чин во црквата.

Би можело да ве интересира

Тутунскиот откуп во шах – мат !!!

Гордана Цветаноска

Одбележан 11 мај Денот на сообраќајната култура во Прилеп – Заедно можеме да создадеме побезбеден сообраќај за сите!

Гордана Цветаноска

Веќе кружиме на кружни кај Цепенков

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе