14.7 C
Прилеп
сабота, 19 април, 2025
Пела Радио

УСПЕШНИ КОНТРОЛИ НА РК ПРИЛЕП ВО ЛЕСКОВАЦ

Машкиот ракометен суперлигаш РК Прилеп одигра два пријателски меча со српскиот суперлигаш Дубочица во Лесковац. На првиот иако прилепскиот состав на тренерот Горан Кузманоски – Таста имаше водство на полувремето со 19:16, домашните забележаа минимална победа од 28:27.

За гостинскиот тим најмногу голови постигнаа Реваз Чантурија и Марио Гичев по 6, а Давор Шокоски и Даниел Андоновски по 5. Вториот меч исто така беше драматичен, со конечен резултат 30:30. Најефикасен на мечот е играчот на Прилеп, Христи Бикоски со 10 гола. Може да се каже дека РК Прилеп имаше две успешни меѓународни контроли, кои значат и негување на пријателските односи со клубот Дубочица.
До продолжението на суперлигашкото првенство на 3 февруари, има време уште за некој пријателски натпревар на РК Прилеп.

Би можело да ве интересира

И, 7-то место е успех – џудо репрезентативките Теа и Теона Настоски го завршија настапот на Европскиот куп за кадети

ПРИЛЕП ГОСТИН НА ДУБОЧИЦА

Радио Пела – Бродац 1:1 на футсал турнирот „Љубомир Рајчевски Рајче“

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе