-1.4 C
Прилеп
сабота, 22 февруари, 2025
Пела Радио

Христоски: Крушево е големо градилиште, приоритет е привлекување нови инвестиции

Во Крушево со рестартирање на градежната сезона продолжуваат тековните проекти. Во тек се активностите на неколку големи проекти, а се најавува уште еден проект – дополнително зафаќање на извори на вода во населба Трстеник со што ќе се обезбеди водоснабдување на индустриската зона и дел од населените места.

Реконструкција на улица од Св. Троица до хотел Монтана со изградба на паркинг

Тампонирање во дворот на училиштето во с. Борино

Тампонирање на улица во с. Борино

Изградба на резервоар во с. Јакреново

Изградба на резервоар за вода во с. Пресил

Санација на свлечиште на регионалниот пат Крушево – Демир Хисар.

„Крушево е едно големо градилиште. После зимската сезона со многу снег, пролетта ја почнуваме интензивно со реализација на тековните проекти и најава за уште еден нов проект. Најавувам дека покрај инфраструктурата мој личен и приоритет на општината ќе биде привлекување на нови инвеститори.“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.

Започнува со реализација и инвестицијата од 5 милиони евра во изградба на фотоволтаични електрани, потенцира градоначалникот, а пролетното чистење на градот е засилено со механизација.

Би можело да ве интересира

Во Крушево денеска се одбележани 41-роденден на Проески

Елизабета Филипоска

Прилеп: шест оздравени и двајца новорегистрирани од корона вирус

Гордана Цветаноска

Проданоски: изнесените обвинувања за Советот на Општина Прилеп се неосновани!

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе