15.5 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Од утре задолжително носење на зимска опрема

Утре започнува да важи законот за поседување на зимска опрема за моторните возила.Законската обврска трае од 15-ти ноември до 15-ти март.

Во законот за безбедност на патниот собраќај стои тоа дека:„Секој возач кој постапува спротивно на одредбите ќе му биде издаден платен налог со глоба во износ од 45 евра во денарска противредност, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бодови“.

Под зимска опрема за моторни возила со најголема дозволена маса која не надминува 3.500 kg, се подразбира зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарите на слојот што гази, по обем и широчина од 4 mm; пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите на слојот што гази, по обем и широчина, со минимум од 4 mm и синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.

Зимска опрема за моторни возила со погон на четири тркала (4 х 4), подразбира зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарите на слојот што гази, по обем и широчина од 6 mm; пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите на слојот што гази, по обем и широчина од најмалку 4 mm.

 

Синџири за снег потребно е да поседува секое возило со пневматици со летен профил, и притоа, во случај кога возилото е во постојан погон, синџири за снег треба да има најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да има најмалку на постојано вклучената осовина.

 

Би можело да ве интересира

Во Грција сега влез само со пасош- белите ливчиња во заборав

Центар за јавно здравје Прилеп ќе спроведува есенска превентивна дератизација

Кирил Самарџиоски добитник на престижната награда ”SEE Personality 2018”

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе