Учениците од СОУ „Наум Наумовски- Борче“ од Крушево на меѓународниот гастрономски фестивал и кулинарски натпревар „Бисер на морето“ (Бисер мора), што се одржува по 17-ти пат во Супетар, на островот Брач, (Република Хрватска) го освоија второто место во категоријата тимско натпреварување во подготовка на предјадење, главно јадење и десерт.
Учениците Томче Стојкоски (IV клас) и Јасмин Зеќироски (III клас) под менторство на професорката Оливера Карева Скола потврдија дека едукацијата за гастрономина в родува плод и дека само тоа е „пасошот„ кои ги отвора вратите на пазаот на трудот во Македонија и светот.
На гастрономскиот фестивал „Бисер на морето“ секој агодина се напреваруваат повеќе од 200 готвачи од над 20 земји, а е посетен од илјада посетители и професионалци во гастрономијата
Токму ова за учениците од СОУ „Наум Наумоски Борче“-Крушево беше предизвик ,да научат и да се запознаат со врвни мајстори на гастрономијата,но и да ја имаат можноста за дегустација на храна од различна традиција, и со различни вкусови.
Во подготовките за учеството на натпреварот оваа година беше вклучен и поранешен ученик на СОУ „Наум Наумовски Борче“, денес успешен гастроном, Христијан Јорданоски кои им помогна на своите идни колеги и само потврда колку е важен квалитетото на стручната наобразба стекната од СОУ „Наум Наумоски Борче„,кога е во прашање гастрономијата, како и финасиска помош на дел од локални ресторани кои финасиски помогнаа учениците да бидат дел од ова натпреварување.
Училиштето „Наум Наумовски-Борче“ – Крушево на меѓународниот гастрономски фестивал „Бисер на морето“ учествува од 2011 година и секоја година, учениците се меѓу наградените, во првите три места. Во 2019 година, на овој фестивал, учениците Бојан Седлоски и Давид Трајкоски под менторство на професорите Оливера Карева Скола и Љупчо Крстевски, го освоија првото место.
„Бисер на морето“ е гастрономски фестивал и кулинарски натпревар на професионални готвачи, слаткари, пица мајстори, како и на средните угостителски училишта и факултетите за туризам. Фестивалот годинава се одржа од 8 до 12 април во организација на Здружението на готвачи од медитеранските и европските региони (ШКМЕР).
Патем,оние кои веќе се определиле да станатидни гастрономи конкурсот за упис на ученици од основните училишта во средните јавни училишта за учебната 2022/2023 година е објавен од МОН па веќе СОУ „Наум Наумоски Борче„ оваа година очекува нови средношколци кои ќе го изучуваат угостителскиот занает.