Од денеска до недела Охрид ќе биде домаќин на Европскиот Куп во Параглајдинг – дициплина прецизно слетување. Настанот од највисок натпреварувачки ранг е организиран од страна на FlyOhrid и Воздухопловната Федерација на Македонија со поддршка на Општина Охрид. Спортската манифестација за прв пат се одржува во Охрид, а главни „виновници“ се наши прилепчани со долгогодишно искуство од овој спорт и во организаирање на големи број настани од алтернативните спортови.
Прилепчаните Мартин Јованоски и Кристијан Темелкоски познати имиња во параглајдинг спортските дисциплини се дел од настанот.Јовановски нагласи дека присуството на параглјдеристи, 15-тина од топ 20 параглајдеристи, носи големи бодови за Светската ранг-листа, која ќе помогне и за промоција на Охрид, но и на македонските натпреварувачи да освојат подобри поени. Од земјава, нагласи, тој ќе се натпреваруваат 10-тина параглајдеристи во прецизно слетување.
– Македонија има огромно искуство во организација на големи параглајдерски натпревари, но за жал тие досега не биле направени во Охрид и Галичица, иако сме имале фантастични услови во овој дел на Македонија. Се надевам дека овој прв Европски куп ќе биде увертира можеби во поголеми настани, како светски купови и првенства наредните години, истакнал Јовановски.
Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков при промоција на спортската манифестација е уверен дека натпреварувачите ќе имаат едно незаборавно искуство, кое долго ќе го паметат ,„а охридската локална самоуправа и јас како градоначалник секогаш ќе бидеме подготвени за соработка и поддршка на вакви настани кои можат да дадат значителен придонес во развојот на Охрид како интересна дестинација за алтернативен туризам, стои во изјавата на градоначалникот Пецаков.
Според програмата предвиден е еден ден за тренинг и три натпреварувачки денови, а летовите ќе се одвиваат од 9 часот наутро до 18 часот . Европски Куп во Параглајдинг носи поени за светскиот ранкинг листа при Светската Воздухопловна федерација ФАИ и е дел од Европската Лига како еден од 5 натпревари оваа година низ Европа.