23.4 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Спиркоски : Потпишав за Победа затоа што верувам дека овој клуб ќе се врати во елитата (ВИДЕО +ФОТО)

Дваесет и шест годишниот Бојан Спиркоски по пет години се враќа во Победа откако по заминувањето од Прилеп ги бранеше боите на Брегалница, Лабунишпта, Силекс и Велешта. Докажан офанзивен везен играч кој треба да биде големо засилување на Победа во наредната сезона кој верува дека клубот ќе се врати во елитното друштво, онаму каде и припаѓа. Спиркоски гостуваше во нашата програма во живо ЗАЕДНО НА ЕВРОПСКО СО РАДИО ПЕЛА и рече дека му е мило што повторно ќе го носи црвено белиот дрес , зошто како што вели тој гордост е да се игра за прилепска Победа.

Зад својата фудбалска кариера Спиркоски има и искуство во чешката фудбалска лига каде има настапувано за два клуба , па затоа и со симпатии зборуваше за чешкиот национален тим на европското фудбалско првенство.

Бојан Спиркоски : Да го носиш националниот дрес на Чешка треба да си физички спремен и да си фудбалер тркач , за да ги издржиш сите деведесет минути

Разговорот со прилепскот фудбалер Бојан Спиркоски го водеше колегата Зоран Игески , а разговорот во целост можете да го погледнете во видеото подолу.

Би можело да ве интересира

По 13-ти пат ќе се одржи меѓународниот џудо турнир “Прилеп град херој 2023 ” – Цевитана куп (ФОТО)

МЛАДИНСКАТА ПОБЕДА ДАДЕ ПЕТ ГОЛА ЗА ГОЛ-РАЗЛИКА 79:14!

Прва гостинска победа!

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе