11 C
Прилеп
вторник, 15 октомври, 2024
Пела Радио

Витаминка за порастот на цената на маслото Брилијант: Внимаваме и важно ни е да нема големи ценовни скокови кон граѓаните

Во врска со зголемувањето на цената на маслото Брилијант денеска со изјава се огласија од Прехранбената индустрија Витаминка, во која појаснуваат:

„Првиот квартал од годинава, Витаминка како компанија покажа одговорност поради економската криза и ја здржа цената на ниско ниво долг временски период. Претходната цена на Брилијант беше 125 денари за литар, со што внимаваме и важно ни е да нема големи ценовни скокови кон граѓаните. Но, изминативе недели ситуацијата се смени во однос на набавката на суровина од Бугарија и Украина, што останаа единствени алтернативни пазари за нас. Нерафинираното масло од овие пазари е со значително повисока цена што се одрази и врз малопродажната цена на маслото. И покрај покачувањето, цената на Брилијант е најниска од сите производители на масло на македонскиот пазар. Истовремено, компанијата доследно ги почитува препораките и се раководи според насоките на Владата за справување со економската криза.

Новото сурово масло кое е набавено од Бугарија, Романија и Украина, чини околу 2.200 евра за еден тон, а пред три до два месеца цената се движеше од 1.200 до 1.500 евра за тон. Малопродажната цена на маслото, што е берзански производ, зависи од движењата на цените на светските берзи.

Поради увозот од Србија, кризата со маслото за јадење се смирува и нема потреба граѓаните да прават залихи“, се вели во изјавата од Витаминка.

Би можело да ве интересира

Филипче и Бочварски возеа по новата делница од Градско кон Прилеп

Најрадосната – Бадниковата поворка го најави Раѓањето Христово Божик (ВИДЕО-ФОТО)

Пела Редакција

Тутунарите бараат средба со Заев

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе