Познати се годинешните добитници на наградата за животно дело кои ќе бидат доделни на 56 тиот Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ Прилеп.
– Годинашни добитници на наградата за животно дело се актерката Бедија Беговска и драмскиот писател Русомир Богдановски. Беговска доајен на турскиот театар. Актерка со посебен сензибилитет во ограта. Актерка која одиграла бројни театарски и филмски улоги, за што била наградувана, често и на МТФ Војдан Чернодрински.
Русомир Богдановски е драмски писател и театарски сценарист. Автор е на повеќе драмски текстови, како и на детски дравмски текстови, на филмски и телевизиски сценарија, а добитник е на повеќе награди, посочи Катарина Коцевска Хаџивасилева, уметнички директор на фестивалот.
Осум претстави се во конкуренција за награди од 19 предложени претстави, посочи на денешната прес конференција селекторот Иван Додовски. Тоа се претставите: „АртуроУи“ од Бертолт Брехт, во режија на Ќендрим Ријани, во изведба на Народниот театар од Битола; „Бракот на Марија Браун“ од Рајнер Вернер Фасбиндер, во режија на ДраганаТаневска, во изведба на Народниот театар од Струмица; „Вишновата градина“ од Антон Павлович Чехов, во режија на Владимир Милчин, во изведба на Турскиот театар од Скопје; „Декамерон“ според Џовани Бокачо, во режија на Мартин Кочовски, во изведба на Народниот театар од Прилеп; „Јазли“ од Рефет Абази, во режија на Куштрим Бектеши, во изведба на Албанскиот театар од Скопје; „Клетвата на Скотје“ од Нил Сајмон, во режија на Синиша Евтимов, во изведба на Театар Комедија од Скопје; „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, во режија на Нина Николиќ, во изведба на Македонскиот народен театар од Скопје и претставата „Се викам Горан Стефановски“ („My name is Goran Stefanovski“), во режија на Бранислав Миќуновиќ, во изведба на Драмски театар од Скопје.
Според селекторот Додовски претставите сведочат дека театарот не престанал да ги истражува најсуштествените димензии на човекот – слободата и достоинството, а избрани се претстави од голем формат и со силен режисерски печат.
Годинешното издание на МТФ Војдан Чернодрински на располагање има драстично помали средства доделени од Министерството за култура. Што се однесува до придружните претстави и манифестации деновиве ќе бидат познати и останатите настани и активности како дополнување на програмата на Фестивалот. По две годишна пауза поради рестриктивните мерки со пандемијата, 56 тото издание на МТФ ќе се одржува повторно на двете театарски сцени во Прилеп и со можност за полн капацитет на гледалиштето, без огранувачања.