Со многу ентузијазам и во период кога на градот Прилеп му се случуваат голем број на културни манифестации , прилепчанецот Ордан Ристески , долгогодишен естраден уметник кој е и уметнички директор на фестивалот , ќе го организира по втор пат иселеничкиот фолк фестивал. На сцената на камената бина во центарот на градот во недела ќе се појават околу дваесетина еминентни македоснки изведувачи кои веќе подолго време се и наши музички амбасадори низ целиот свет. Фестивалот пак ќе го води прилепчанката Билјана Крнческа , новинар и водител но во исто време и долги години познавач на приликите на македонската естрада. Билјана гостуваше во нашата отворена програма РАДИО ШТО СЕ ГЛЕДА.
Јас овој фестивал го доживувам како мој личен “кам бек ” затоа што подолго време имав направено пауза со водителските настапи конкретно , и одлучив да го прифатам овој предизвик и драго ми е што ќе можам со прилепчани во недела да се дружиме на камената бина со почеток во 20 часот – истакна Билјана Крнческа , која додаде дека всушност оваа манифестација е подарок од прилепчанец за прилепчани и затоа и е мило што повторно во центарот на Прилеп ќе се појават познатите македонски интерпретатори кои ќе ги испеат своите хитови.
На вториот иселенички фолк фестивал ќе настапат имиња како Славка Младеновска , Перо Христов , Нада Ангеловска , Зоран Ванев , Павле Кајмакоски , Пеце Даскалоски – Даскалот , Барбара Јаковлевска , Зоран Далчевски , Јоцо Стоилковски , Петар Нечовски и уште многу други познати македонски фолк икони.Разговорот во целост посветен на оваа маниефстација која ќе се случува во Прилеп по втор пат можете да го погледнете во видеото подолу.