16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Победа денеска го игра првиот контролен натпревар, најавени две засилувања

Во рамките на подготвителниот период за новата сезона прволигашот Победа денеска го игра првиот контролен натпревар во Штип со Брегалница. Почетокот на мечот е закажан за 17 и 30 минути.

Во овој период на структуирање на играчкиот кадар од страна на шефот на стручниот штаб Бобан Бабунски, неофицијално во игра се уште две засилувања Наумче Бакрачески и Љавдрим Фазлиу .

Бакрачески (25) е играч од средниот ред, а може да игра и во дефанзивата. Последен клуб му беше штипска Брегалница, претходно играше и за Тиквеш, Металург.

Фазлиу (22) е офанзивен играч за врска чиј што матичен клуб му е Работнички, настапуваше за Пелистер, а доаѓа од Македонија Ѓорче Петров.

Би можело да ве интересира

Победа во првото коло гостува во Штип против Брегалница

Велосипедска трка Сава Мариово тур

Пелистер славеше над Деспина во Прилеп

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе