6.7 C
Прилеп
петок, 6 декември, 2024
Пела Радио

Тиквата моќен лек и извор на здравје (нутри рецепти со тиква)

Нут­ри­ци­о­нис­ти­те по­тенци­ра­ат де­ка кон­су­ми­ра­ње­то на тиква­та во овој пе­ри­од од го­ди­на­та е ис­клу­чи­тел­но важ­но и таа тре­ба да се ја­де во го­ле­ми ко­ли­чини, не­за­вис­но од тоа да­ли сте ја при­гот­ви­ле ка­ко десерт или, пак, ка­ко дел од глав­но­то ја­дење. Таа е вкусна, има прис­тап­на це­на и е ис­клу­чи­тел­но здрава, пот­се­ту­ва­ат нут­ри­ци­о­нис­тите.

Поч­ну­ва се­зо­на­та на тиквата, а овој плод мо­же да се ја­де на раз­лич­ни на­чини, пе­чен во рерна, пе­чен со мед и оре­ви , ка­ко дел од со­ле­ни и бла­ги ре­цепти, чо­рби, ва­ре­на тиква…

Тиквата е одличен извор на витамин А и витамин Ц, Б витамините, потоа калиум, калциум, манган, цинк, растителни влакна и бета-каротен.

Тиквата е ниско-калорична храна со приближно 27kcal на 100g, ниска содржина на протеини, масти, околу 6-7g јаглехидрати, но најголемото богатство доаѓа токму од витамините и минералите.  Победник во овој богат витаминско-минерален состав на тиквата е токму витаминот А, кој е застапен дури со 50% од дневните потреби, и бета-каротенот кој е застапен со 30% од дневниот препорачан внес.   Витаминот А е потребен за заштита на нашиот вид – особено слабеење поврзано со стареењето и ноќното слепило. Витаминот А го поддржува и регулира имунолошкиот систем, вклучен е во продукција на бели крвни клетки како основни борачи во имунолошката поткрепа, позитивно влијание врз нашата кожа – намалувајќи ги нејзините воспаленија, а со тоа намалување на појавата на акни и масна кожа. Витаминот А исто така е многу важен во одржување на репродуктивното здравје и за мажите и за жените, а воедно и за бремените жени каде е вклучен во многу важен дел од развојот на скелетот, нервниот систем, срцето, бубрезите, очите и панкреасот на нероденото бебе. 

Хранлива вредност на есенската убавица, ТИКВАТА

Во однос на нејзиниот нутритивен состав и хранлива вредност, тиквата се рангира на многу високо место со едни од најздравите намирници за нашата трпеза.

Тиквата може да се пофали со нејзините анти-дијабетични, анти-оксидативни, анти-канцерогени и анти-инфламаторни својства кои се веќе и научно документирани. Тоа значи дека не штити од покачување на шеќерот во крвта, не штити од оксидација на клетките-која ги убива нашите клетки и е причина за нашето стареење и се бори против можните воспаленија на организмот од различни причинители, па со тоа го чува и нашиот имунитет.

Тиквата како лек

Тиквата е многу корисна за здравјето во секојдневна употреба за време на нејзината сезона.
*регулација на шеќерот во крвта
*кардиоваскуларно здравје, регулација на висок холестерол
* дигестивно здравје, заштита на цревата и оптимизација на варењето на храната
* репродуктивно здравје
* здравје и заштита на нашата кожа
* имунолошка поткрепа

Сокот од чиста варена, потоа изладена и на крај блендирана тиква е многу добар  чистач на организмот и се користи за лечење на болен желудник, пиејќи го разделен од оброк.  Комбинацијата на тиквата комбинирана со мед и додаден цимет, е одлична комбинација за имунитет, хроничен запек, болести на дебелото црево, болести на црниот дроб, бубрезите, уринарниот тракт и високиот холестерол. 

НЕ ГИ ФРЛАЈТЕ СЕМКИТЕ ОД ТИКВА

Семките од тиква, како многу важен дел од самата тиква, како богат извор на растителни протеини и полинезаситени масни киселини, фитостероли,  антиоксидантни витамини како витамините А, Е и Ц,  елементи во трагови како селен и цинк.

Семките од тиквата имаат големи здравствени бенефити, особено за кардиоваскуларното здравје и го регулираат шеќерот во крвта. Маслото од семки од тиква исто така зазема многу важно место за здравјето, особено корисно за регулација на високиот крвен притисок, артритис и висок холестерол.

Вкусни рецепти со тиква

Тиквата може да се готви на милион различни начини! Благо, солено, како колач, како главно јадење, како торта, комбинирана со многу различни намирници и воедно може да биде печена, варена и пржена.

Тикварник

Едни од омилените рецепти со тиква се познатиот тикварник – каде на тиквата и се додава масло, млеко, шеќер, јајца и ванилин шеќер. Тоа прави една вистинска торта, но не и здрав избор за користење на тиквата. Пред се термичката обработка е неповолна, а потоа и додатокот на шеќер не е порепоралчив.  Поздрава верзија на овој рецепт е користење на 5 чаши варена тиква, 2 јајца,  2 лажици мед, 2 лажици интегрално брашно, 1 кесичка прашок за пециво и вода по потреба – 100-200ml.  

Солен ручек со мускатна тиква

Доколку сакаме вкусен солен ручек тука е подготовката на мускатна полнета тиква. Таа се сече на половина, се отстрануваат семките и празнината на тиквата се полни со различни состојки. Еден од моите омилени рецепти кои најчесто го препорачувам на клиентите во овие есенско-зимски денови е полнета тиква со смеса од печурки, кромид, спанаќ и киноа.  Јас лично обожавам да подготвам карамелизиран кромид и врз истиот да се додадат сецканите печурки и заедно со малку зачини да се остават да издинстаат. Настрана се вари киноата-30тина минути, а спанаќот свеж, ситно се сецка и се засладува со цеден лимон и малку црн бибер. Сите овие состојки се мешаат во една смеса со која се полни веќе исчистената и испечена половина од тиквата и потоа заедно со смесата само се ставаат во рерната уште 5мин.  За љубителите може да го наросат овој прекрасен рецепт со прстофат мелени ореви.

Но, треба да се знае дека колку повеќе ја изложуваме на висока температура, толку само нутритивно ја трошиме тиквата, особено за осетливите витамини, како витаминот Ц, Б1, фолната киселина и др.
Според една студија на Интернационалниот весник на науки и техонлогија, истражено е дека изложеност на тиквата на температура од  60 степени целзиусови за 5 минути уништува 12% витамин Ц, а за 15 минути уништува 37% витамин Ц.  Затоа кога готвиме тиква, а воедно сакаме да уживаме и во вкусот и во здравјето кое ни го носи, најдобро е да правиме микс, така што некогаш ќе ја динстаме, а понекогаш ќе ја ставаме да се пече.
Сепак, најздраво користење е динстана тиква на тивка температура, засладена со малку мед и прстофат цимет!

Пишува : Дип. Нутриционист Викторија Илиоска

Би можело да ве интересира

Кире Ризоски: Македонскиот изворен мелос крие непроценливо богатство

Гордана Цветаноска

Промоција и попусти во Аптеки 2005 Вива Фарм во Прилеп и Кривогаштани

Гордана Цветаноска

(ВИДЕО) Магдалена Алексовска – Маги со “Друг да ме нема” ја освежува македонската музичка сцена

Никола Димески

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе