3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Ни трага ни глас од дедо Блаже Аљакоски, семејството апелира за помош!

Четврт ден од како исчезна Блаже Аљакоски (76) од Мало Коњари, прилепско, и од него нема ни трага ниту глас. Неговиот син Раде во 3 наврати организираше потрага заедно со соселаните на локациите каде се упатил околу селото за, како што рекол, да бара комбајн за жетва.
Блаже Аљакоски излегол од својот дом на 5 ти јули околу 11 часот во атарот на с. Мало Коњари со својот велосипед. Возел црвен спортски велосипед, носел темно плава маица со кратки ракави, тренерки и бели патики. Како што вели неговиот син Раде Аљакоски тој бил во добра физичка кондиција, свесен, весел, шеговит, работоспособен за своите години и немал знаци на деменција, ниту склероза.
„Денеска, полицијата дојде на увид на локацијата каде последно е виден низ полето, на потегот меѓу месноста Среднополе до Кадински пат. Последно на таа локација меѓу селата Мало Коњари и Кадино село го виделе двајца соселани кои разговале со него. Во неколку наврати пребарувавме организирано во групи со роднини и пријатели кои добро го познаваат теренот, направивме и снимка со дрон, но ништо не најдовме, никаква трага. Многу е чудно, неверојатно! Ќе продолжиме со потрагата по мојот татко, ги повикувам сите добронамерни луѓе доколку имаат некаква информација да се јават на тел.  078-351-722, “ вели во телефонски разговор Раде Аљакоски. 
Секоја информација е добредојдена, велат од семејството, во очекување на било каква трага од 76 годишниот Блаже Аљакоски.

 

 

Би можело да ве интересира

Малолетник тешко повреден, возачот на автомобилот побегнал

Гордана Цветаноска

Уапсен прилепчанец кој поседувал оружје и муниција

Рудар го пронашол стражарот на рудникот мртов во своето возило

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе