24.9 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Едночасовна блокада на магистралниот пат Прилеп – Градско

Од 13 до 14 денеска магистралниот пат Прилеп – Градско ќе биде затворен за сообраќај. Ова доцна синоќа го најавија неформалните организатори на протестите против францускиот предлог. Протестите „Ултиматум,  не благодарам“ денеска од 13 до 14 часот покрај блокадата кај Заполшки мост на излезот од Прилеп, ќе се организираат блокади на сообраќајниците во Скопје пред Владата, на патот Велес-Штип, Струмица- Радовиш  како знак на протести против францускиот предлог за кој граѓаните бараат од Владата да го отфрлат затоа што води кон бугаризација.

За во 13 часот и 15 минути  на блокадата кај Заполшки мост најавена е изјава за медиуми од Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО ДПМНЕ.

Вечер и утре нема да има протест, а наредниот е закажан за в недела во 19 часот пред Владата.

Би можело да ве интересира

Деветтото издание на филмскиот фестивал Winter apricots започнува утре

РК Вардар триумфираше над Прилеп

Објавен Јавен оглас за прием на 300 нови професионални војници во Армијата

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе