11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Заврши потрагата по дедо Блаже, пронајден е мртов во близина на селото

Заврши потрагата по 76 годишниот Блаже Аљакоски од Мало Коњари. Неговото тело вчера попладнето (8 јули, петок) било пронајдено во околината на селото, во близина на месноста Орде Чопела, на сосема друга локација од првичната каде потрагата се одвиваше изминатите неколку денови. Обдукцијата покажала дека нема траги од насилство и дека починал од природна смрт. Погребот е утре, (недела 10 јули) на селските гробишта во Мало Коњари.

Чудни се околностите како телото на дедо Блаже е пронајдено на 10 км од првично посочената локација. Имено, тој заминал од дома со велосипедот претпладнето, на 5 ти јули, со намера да договори комбајн за жетва. Според очевидци, негови соселани, со кои тој  разговарал истиот ден,  попатно, бил забележан во атарите на селата Мало Коњари и Кадино село.

Од како не се вратил дома попладнето, уште првиот ден неговото семејство организираше потрага, а наредниот ден беше пријавен за исчезнат во полициската станица во Прилеп, која направила увид на локацијата каде последно е забележан. Секојдневно семејството апелираше на помош за информација од некаква трага. Беше организирана и претрага со дрон,  се’ до вчера попладнето кога дедо Блаже беше пронајден од соселанец како лежи мртов до неговиот велосипед во атарите на селата Големо Коњари и Мажучиште, кај месноста Орде Чопела. Најверојатно, причините за смртта се високите температури и истоштеност.

Би можело да ве интересира

Претрес во крушевско, пронајдено оружје

Пела Редакција

Двајца затвореници нападнaле осуденик во прилепскиот затвор

Пела Редакција

Двајца прилепчани краделе од викендици кај Стоби

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе