На своето „полнолетно“ 18. издание „Пивофест 2022“ Прилеп ќе понуди богата програма на најмасовниот и најпопуларниот фестивал на пивото, скарата и убавата музика . Четирите фестивалски вечери, на двете сцени, главната и алтернативната, ќе бидат исполнети со најдоброто од Македонија и регионот со акцент на македонската музика и изведувачи.
„Пивофест“ ќе се одржи од 14 до 17 јули, a програмата за сите фестивалски вечери на главната и на алтернативната сцена, распоредена по денови, изгледа вака:
Четврток, 14 јули, програмата на главна сцена започнува во 18.00 часот, а настапуваат: Елена Петреска, Балканика, Нино Величковски, Ален Хасановиќ, Наум Петрески, Љубојна, ДНК, Џамбо Агушев оркестра, додека пак на алтернативната сцена ќе настапи DJ Mario Eddie.
Петок, 15 јули, програмата на главна сцена започнува во 19.00 часот, а настапуваат: Рок Блуз
Бенд, Игор Џамбазов и Гуру Харе, Нокаут, Ареа, Дивље Јагоде, Brass Brothers, додека пак на
алтернативната сцена ќе настапaт DJ Anna Noodle и Lili Diva.
Сабота, 16 јули, програмата на главна сцена започнува во 18.45 часот, а настапуваат: Ламбе
Алабаковски, Некст Тајм, Лозано, Суперхикс, Хари Мата Хари и Вера Јанковиќ, додека пак на
алтернативната сцена ќе настапат момците од ROOMMANIA: DJ Mitrik, DJ Alexandar и DJ Dimitr.
Недела, 17 јули, програмата на главна сцена започнува во 18.45 часот, а настапуваат: Никола
Зацевски, Елена Велевска, Миле Кузмановски, Темпера, Меморија, Галија, додека пак на
алтернативната сцена ќе настапи DJ Babura Junior.