1.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

БИТКАТА КАЈ НОЖОТ – 115 ГОДИНИ ОД ХЕРОЈСКАТА СМРТ НА КОМИТИТЕ

Каменестиот врв Ножот во близина на Плетвар, вечно ќе сведочи за херојската смрт на четириесет и пет Македонци кои ја испишаа највеличествената страница на македонската историја по Илинденското востание, саможртвувајќи се пред 114 години на 14 јули 1907 . По долгата борба со турскиот аскер на жешкото јулско сонце, откако им снемува муниција, преостанатите живи комити легнале врз последните бомби и колективно заминале во смрт. Војводите кога разбрале дека ги следи триилјадниот аскер, ден пред трагедијата решиле да се повлечат, сметајќи дека е голема лудост директно да се судрат со војската. Меѓутоа, за тоа не сакале да слушнат младите момчиња сместени на Ножот. На врвот била целата Костурска чета од триесетина луѓе, а со нив и по десетина четници од Велешката и од Прилепската чета. Војводите не биле со нив, биле долу на состанокот. И кога виделе дека комитите на Ножот не се повлекуваат, им испратиле курири со наредба да се повлечат. Одбивајќи ја наредбата за повлекување и под мошне тешки услови, прифатиле борба со многубројната турска војска, командувана од мајорот Енвер беј.

Јунаците од Ножот биле однапред решени на саможртвување. Сите 45-мина загинале со херојска смрт.Повеќето паднале при нерамноправната битка, а неколкумина од нив се самоубиле.

Вкупниот број на загинатите комити во областа на планината Ножот е 67. Од нив 45 загинуваат на самиот врв, други 10 се убиени во подножјето на планината Асенова глава, 6 лица паѓаат при повлекувањето од врвот, 1 е убиен на Мирчовата ледина, 4 комити се опколени во една плевна – двајцата се убиени, а другите двајца (повредени од претходниот ден) се изгорени живи, еден фатен комита е обесен по два дена во Велес.

По заземањето на Ножот, Турците се изживуваат врз загинатите комити, но Енвер бег го запира сето тоа и наредува почесен закоп во чест на храбрите борци. Телата на комитите по негова наредба се закопани во близина на врвот од локалните селани. Поради каменестата почва и недостатокот на земја тие се затрупани со камења и долго потоа делови од телата на комитите се разнасувани низ околината од диви животни и кучиња.

Откако стивнале пукотниците турскиот мајор Енвер-бег наредил со аскерски плотун да им се оддаде почит за јунаштвото на македонските комити, со кои до пред тоа војувале.

Има повеќе прикази, и историски и уметнички, за овој чин од нашата историја. Подоцна приказната за настанот во кој јунаците се бореле до последниот куршум, како и фотографии, се пренеле во повеќе делови од светот.

Би можело да ве интересира

24-ти април и 8-ми мај-неработни денови и НЕМА да се одработуваат

Пела Редакција

Вечерва Сенароден собир на МПЦ-ОА против предлог-законите за матична евиденција и за родова еднаквост

Гордана Цветаноска

За успешна жена земјоделец -Дигитални алатки за органска фарма

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе