3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Прилеп во петте општини по бројот на згаснати фирми

Прилеп е на неславното петто место по бројот на згаснати фирми во првото полугодие од 2022, што претставува влошување споредбено со истиот период за 2021 година. Имено, за првите 6 месеци од тековнава година клуч на врата ставиле 188 фирми, за разлика од лани кога тоа го сториле 166 фирми.

Очекувано, најмногу фирми згаснале таму каде што има и најголема економска активност – во Скопје. Во првите 6 месеци од годинава, во Скопје, клуч на врата ставиле 1.766 фирми, или 36,2 проценти од вкупно згаснатите фирми во овој период. На второ место по згаснати фирми е Тетово. Во 6-те месеци од годинава економската битка ја загубиле 277 компании.

Со 220 згаснати компании, Куманово е третиот град на неславната листа. Во Гостивар, бројот на згаснати фирни е 200.

Годинава, како и лани, најмногу затворања има во истите сектори: трговија, преработувачка индустрија, угостителско-хотелирскиот сектор, градежништво и во тренапорт и складирање.

И во првото полугодие од 2022 година најмногу затворања, како и во првите 6 месеци од 2021 година  има во секторот „Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли“. Годинава, во овој сектор згаснале 1.569 фирми, а лани во истиот период – 1.622 фирми.

Извор: www.pari.mk

Би можело да ве интересира

Подарок за децата – Кирил Самарџиоски не е повеќе мнозински акционер во Прилепска пиварница

Утре без струја ќе останат неколку прилепски села

Од полноќ поевтинува дизелот, а бензинот останува со иста цена

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе