5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

Прилеп со два прволигашки клубови во шах

ШК Пелагон е шампион во Втора македонска лига и е новиот прволигаш во шах, а со тоа Прилеп го доби и вториот шаховски клуб кој ќе се натпреварува во елитно македонско друштво. Влезот во Првата лига ШК Пелагон го обезбеди на турнирот кој се одржа од 21-24 јули 2022 година во Охрид.

Ова е огромен успех на шахот во Прилеп посебно ако се знае дека оваа година индискиот велемајстор Гукеш член на ШК Прилеп го освои златниот медал на Купот на Европски шампиони и ако има само 16 години е во најдобрите играчи во светот. Годинава започна и шаховската школа за почетници водена од нашата шахистка Јустина Дутка и школата за напредни деца предводена од велемајсторот Звонко Станојоски. Во план е и отворање на прва школа за возрасни шахисти во Македонија со што значително би се зголемила концентрацијата на квалитетни играчи во градот. За овој успех голема помош имаше и самиот тренажен процес и големиот број на турнири кои ги организираме во Прилеп со што се зголеми квалитетот на играта на нашите шахисти што се покажа пресудно на Екипното првенство во Охрид, посочува шахистот Тони Кироски.

Во рамките на  Втората лига на Македонија во шах  екипата на Пелагон го освои првото место со 5 убедливи победи и максимални 10 бода. На турнирот учествуваа 12 екипи кои беа поделени во две групи по 6 екипи.

Рк. Екипа 1 2 3 4 5 6  ТБ1   ТБ2   ТБ3   ТБ4 
1 Пелагон  * 5 5 6 6 10 27,5 0 2251
2 Карпош 1  * 6 6 8 22,0 0 1769
3 4 ти Ноември Битола ½  * 5 6 6 19,5 0 1638
4 Ласкар 1 0 ½  * 4 11,5 0 932
5 Шах Мат 2022 Градец 0 ½ 1 ½  * 2 5,5 0 411
6 Струга 0 0 0  * 0 4,0 0 349

Во плеј оф се пласираа и двете најдобри екипи А група (ШК Пелагон и ШК Карпош) и од Б група (ШК Шкупи и МШК Центар). ШК Пелагон како новоформиран клуб и дебитант имаше тешка задача да се бори со три бивши скопски прволигашки клубови. Сепак убедливо и тука го освоивме првото место и се пласиравме во прва лига,што значи дека Прилеп ќе биде најшаховски град во Македонија.

Пласман со партии

Рк. Екипа 1 2 3 4  ТБ1   ТБ2   ТБ3 
1 Пелагон  * 3 4 5 5 12,0 0
2 Шкупи 3  * 3 4 10,5 0
3 MSK Centar 2 3  * 3 9,5 0
4 Karpos 1  * 0 4,0 0

 

За шампионската екипа на ШК Пелагон настапија:

  1. ИМ Драшко Бошковиќ 5 поени од 6 партии
  2. ИМ Младен Миленковиќ     4,5 поени од 5 партии
  3. ИМ Горан Арсовиќ 6,5 поени од 7 партии
  4. Дејан Ѓорѓиески 5 поени од 7 партии
  5. Горан Готовуша 4 поени од 6 партии
  6. Марјан Дамчески 4,5 поени од 5 партии
  7. Мартин Николовски 5 поени од 6 партии

 

 

 

Би можело да ве интересира

Прилепските џудо мајстори продолжуваат да се надоградуваат

Дно во македонскиот женски ракомет (Видео)

Пела Редакција

Ревијален хуманитарен кошаркарски натпревар во организација на КК Мега Баскет

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе