11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

РК ПРИЛЕП ЗАДРЖУВА ДЕЛ ОД ИГРАЧИТЕ, ЌЕ ЗЕМЕ И НОВИ

Трет ден е од подготовките на машкиот ракометен суперлигаш Прилеп. Тренинзите се во салата од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ а е најавено дека ќе се одвиваат само во Прилеп. Во однос на играчкиот кадар, по заминувањето на Зураби Цинцадзе, Казеин Рустамов, Хари Павлов, Владимир Трајкоски, Даниел Андоновски, Марко Трајковски и Марио Гичев, следат клупски потези со кои ќе се задржат останатите. Така, веќе се знае дека сигурно останува Христи Бикоски. Секако, во тој контекст треба да се спомнат Давор Шокоски, Стефан Лозаноски, Филип Адамчески, Мартин Карафилоски, Никола Стојкоски, Лео Дамчевски, Иван Ангелески, Стефан Христоски и ред  други помлади ракометари. Мошне важно е што тука се двајцата Грузијци, Мириани Гавашелишвили и Реваз Чантурија, кој воедно е шеф на Стручниот штаб. Може да се очекуваат и нови, со кои во тек се преговорите.

До суперлигашкиот старт на 3/4 септември, во план се пријателски мечеви и организација на Меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“.

Извор: www.shampion.mk

Би можело да ве интересира

Борачите од „Седми мај Прилеп “ започнаа со презентација на спортот во училиштата

Пионерските фудбалски шампиони на приватната школа „Тони“, на прием кај градоначалникот

Гордана Цветаноска

Во Прилеп ќе се одржи седмиот меморијален ракометен турнир „Миле Нешкоски„

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе