16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Суперлигашкиот опстанокот за РК Прилеп очигледно обезбеден

Прилепчани со освоен бод на гостувањето во Куманово покажаа дека се сигурни во битката да останат во Суперлигашката лига. Имаа водството од три гола разлика во речиси сите 30 минути од првото полувреме, на пауза заминаа со 12:14, домаќините со мини серија во вториот дел дојдоа до изедначување (17:17), неколку минути подоцна и до водство 25:23, но прилепчани не се предадоа, туку изненадија. Кога се мислеше дека се’ е изгубено и дека бодовите остануваат во Куманово,  ракометарите на Прилеп повторно се вратија во игра, со  драматична завршница на Христи Бикоски кој донесе израмнување и натпреварот, на крајот доби нов изглед, 25:25, делба на бодовите на радост на прилепчани кои остануваат први на табелата.

Најдобри во составот на РК Прилеп беа Денис Шабановиќ  со 10 постигнати гола,  Пеце Рајатовски постигна 6 погодоци и Владан Кастратович  4.

Ова говори дека РК Прилеп очигледно се обезбеден  за опстанок, но екипата настојува и без пораз да ја заврши оваа фаза, на првото место од табелата,  и успева!

Во следното коло Прилеп е домаќин на Вардар од Неготино.

ТАБЕЛА: Прилеп 15, Вардар Н. 12, Куманово 11, Еурофарм Пелистер 2 – 9, Мултиесенс 7, Голден арт 6, Скопје 3, Аеродром -2.

Би можело да ве интересира

УО на РФМ пресече : опстанок за две екипи , третиот игра бараж а првиот од прва лига директно во елитата

Никола Димески

Леон Најдовски нов фудбалер на Победа

(ВИДЕО) ЕКИПАТА НА КАНАТЛАРЦИ Е НОВИОТ ТРЕТОЛИГАШ! ГАРВАН НЕ ИЗДРЖА СО ПОВРЕДЕН ГОЛМАН!

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе