Со нов стратег и со млад ростер , прилепчани ги стартуваа подготовките за новата натпреварувачка сезона во суперлигашкото друштво.Многумина заминаа но оние кои се во екипата предводени од новиот играч и тренер Реваз Чантурија ќе се обидат и сезонава да го обезбедат опстанокот.Според првиот човек на клубот Александар Мариноски реалноста и можностите на клубот се и годинава да се опстане во најквалитетното ракометно друштво во земјава , што секако ќе биде и предизвик на екипата која ќе има сосема поинаков изглед од мината година.Сега тука е искуството на Чантурија , Георгиески и Гогов а сето тоа надополнето со капитенската лента на Шокоски квалитетот на Бикоски и на останатите кои ќе имаат голема одговорност сезонава.
Во нашата отворена програма РАДИО ШТО СЕ ГЛЕДА гостуваа и претседателот на клубот Александар Мариноски и новиот тренер играч Реваз Чантурија како и капитенот Давор Шокоски.И тројцата со исто мислење дека клубот заради целата финансиска ситуација треба да се потпира на ракометари од својата школа но секако и да се доведат играчи кои ќе бидат по вкус на стратегот Чантурија и ќе ја задоволат неговата стратегија за престојните суперлигашки натпревари.Ракометниот клуб Прилеп генералката пред стартот на првенството ќе ја има на меѓународниот традиционален меморијален турнир Миле Нешкоски , каде покрај Прилеп ќе настапат клубови како Паок , Дубочица, Струга , Скопје.
Сега веќе новиот тренер на прилепчани Чантурија ја знае вистинската слика во клубот па затоа и самиот истакна дека ќе го даде максимумот во новата натпреварувачка сезона и во секој натпревар ќе оди на победа. Разговорот од гостувањето во живо во нашата програма погледнете го подолу.