Тимот на иновативци од СОУ Орде Чопела Прилеп е добитник на награда и уште едно признание за нивната креативност. Учениците : Џанер Фејзоски, Тамара Ковилоска, Сара Рајчиноска, Филип Гически и Андреа Гагалеска под раководство на нивниот професор Ѓорѓија Гагалески со својот предлог проект „Систем за собирање на дождовница за наводнување на училишниот мини овоштарник“ беше прогласен за еден од петте победници и доби 120 000 денари за реализација на своето решение за проблемот со недостиг на вода.
На таков начин овоштарникот во училиштето кој што се користи за практична настава ќе заживее. Идејата на учениците беше да се собира и искористува дождовницата за наводнување на училишниот овоштарник со помош на систем „капка по капка“, а плодовите од овоштарникот да се искористат во училишната лабараторија и пекара.
Иновацијата беше претставена во месец мај 2022 година во хотел Дрим, Струга каде учествуваа на работилница-натпревар за финасирање на социјални иновации кои се базираат на решавање на потребите на средните училишта и локалната заедница во делот на климатските промени и заштитата на животната средина.
На овој собир на иновативци учествуваа 10 средношколски тима од државата кои со помош на своите ментори ги развиваа своите решенија и ги презентираа пред стручно жири кое беше составено од по еден претставник: од ФИТР , здружението LEAD (Leaders for Education, Activism and Development) и претставник од UPSHIFT.